logo
logo
logo

Бајден им оддаде почит на жртвите на расистичкиот масакр во Бафало

Vecer | 17.05.2022

Бајден им оддаде почит на жртвите на расистичкиот масакр во Бафало

Во овој град во американската сојузна држава Њујорк, каде што еден млад човек, застапник на теориите на заговор, како онаа за „големата замена на населението", во саботата изврши масакр  со автоматска пушка, американскиот претседател денеска зборуваше за „терористички акт".

Спомнувајќи ја оваа расистичка теза за „големата замена" на населението, Бајден, видливо потресен, кажа : „Ги повикувам сите Американци да ја отфрлат оваа лага и да ги осудат сите оние кои ја шират за да освојат власт, гласови, пари".

-Оние кои велат дека ја сакаат Америка, поттикнуваат омраза и страв, додаде 79-годишниот демократски претседател, без да открие имиња или партиска припадност.

„Тој отров, тоа насилство не смее да биде историјата на нашето време", посочи тој, бидејќи во последните години се случија серија масакри во САД, во кои жртви беа црнци, Евреи и луѓе со шпанско потекло.

Претседателот денеска од Бафало уште еднаш повика на регулирање на носењето огнено оружје.

-Не сум наивен. Знам дека трагедијата ќе се повтори (…) Но, има некои работи што можеме да ги направиме. Можеме да го забраниме автоматското оружје на нашите улици, рече тој.

Тој долго време го повикува Конгресот да го забрани автоматското оружје, како она што беше употребено во неделата. Но, овој негов став отсекогаш наидувал на противење од републиканците кои одбиваат каква било регулатива за ова прашање. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk