logo
logo
logo

Бајден го стопира финансирањето на sидот на границата со Мексико

Vecer | 12.02.2021

Бајден го стопира финансирањето на sидот на границата со Мексико


Американскиот претседател Џозеф Бајден го укина указот на неговиот претходник Доналд Трамп, кој прогласи вонредна состојба на границата со Мексико, со цел да обезбеди финансирање за изградба на ѕидот.

Кога Трамп влезе во Белата куќа во јануари 2017 година, на границата со Мексико веќе имаше разни видови огради долги 1.000 километри.

За време на неговиот мандат, САД го завршија со подигањето на ѕидот долг повеќе од 720 километри на границата долга 3.145 километри.

За изградба на ѕидот на границата со Мексико биле потрошени околу 25 милијарди долари за време на четиригодишниот мандат на Трамп, наведува „Би-би-си“.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk