logo
logo
logo

Бајден го потпиша законот што обезбедува помош од 40 милијарди долари за Украина

Vecer | 21.05.2022

Бајден го потпиша законот што обезбедува помош од 40 милијарди долари за Украина

Западните агенции наведуваат дека Бајден го потпишал  документот за време на неговата посета на Јужна Кореја.

Од 40 милијарди долари, шест се за опремување на Украина со оклопни возила и зајакнување на воздушната одбрана.

Пет милијарди долари се за решавање на глобалниот недостиг на храна што би можел да произлезе од колапсот на украинското земјоделство, а повеќе од милијарда долари за помош на бегалците.

Ова финансиска помош за Украина е до септември и ја надминува претходната итна мерка со која беа предвидени 13,6 милијарди долари.

Новиот пакет помош беше одобрен во четвртокот со големо мнозинство во Сенатот, откако претходно беше усвоен во Претставничкиот дом. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk