-Да бидам јасен, ако се наоѓате во држава, место, каде што ќе удри ураган, како Флорида, Заливот или Тексас, витална подготовка за сезоната на урагани (пред да удри ураганот) е да се вакцинирате сега. Се е покомплицирано ако не сте вакцинирани, кога ќе удри ураган или ако се случи природна несреќа – изјави претседателот на САД Џозеф Бајден.

Оваа негова изјава е сосема во ред и на место, ако се имаат во превид строгите законски здравствени регулативи во САД за лицата кои не се вакцинирани против Ковид-19 и другите растечки закани. Тој всушност искрено ги предупредува граѓаните дека би можеле да се соочат со потешкотии при укажување помош, доколку не се ваквинирани.

За ова – е сосема во право.

Тој не вели да се вакцинирате за да се спречи ураганот, туку дека ќе имате потешкотии со добивање помош од која било институција – ако не сте вакцинирани, па и во случај на ураган или природна несреќа

Во Неговата целосна изјава, тој вели: Во случај на природна несреќа, треба да сме подготвени за заштита и од Ковид-19.

-Ако треба да се евакуирате или да бидете во засолниште, не треба да да го имате Ковид-19 на листата на опасности со кои треба да се соочите, вели Бајден.

 

Фото: принтскрин јутјуб