logo
logo
logo

Бајден: До 4 јули ќе бидеме поблиску до нормалниот живот

Vecer | 22.04.2021

Бајден: До 4 јули ќе бидеме поблиску до нормалниот живот


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД сè уште се на пат да ја исполнат својата цел, а тоа е да одржат помали собири на Денот на независноста, и дека така ќе биде сè додека Американците внимаваат и продолжуваат да се вакцинираат против коронавирусот.

„Уште на 11 март презентирав визија за тоа како може да изгледа Америка до 4 јули – Америка која беше многу поблиску до нормалниот живот што го оставивме пред повеќе од една година. Остануваме на вистинскиот пат да ја постигнеме таа цел“, рече Бајден, додавајќи дека оттогаш се дадени над 120 милиони дози вакцини, пренесува Си-ен-ен.

„Повеќето од нашите деца се вратија на училиште, а по долга и болна година, повеќе баби и дедовци можат повторно да ги прегрнат своите внуци“, рече Бајден, одбележувајќи 200 милиони дози на вакцината против коронавирус, дадени во САД.

Бајден ги повика Американците да продолжат да носат маски и да се вакцинираат пред крајот на мај.

Сите мора да носиме маски додека не се намали бројот на случаи, сè додека сите не добијат можност да се вакцинираат, рече Бајден и ги повика Американците над 16 години да се вакцинираат.

„Сега вие сте на ред. Сега. Одете по вакцината пред крајот на мај. Можеме да го сториме тоа само ако не се опуштиме”, рече американскиот претседател.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk