Членовите на придружбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Кина по неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин ги уништија сите траги од присуството на севернокорејскиот лидер на местото на средбата, објави колумнистот од Кремљ Александар Јунашев.
„Му ја одзедоа чашата од која пиеше, го избришаа тапацирот на фотелјата и мебелот што го допре“, напиша Јунашев на својот Телеграм канал.
Новинарот објави и видео на кое е снимен процесот на чистење.
Путин и Ким Џонг-ун одржаа разговори со учество на делегации во државниот пансион Дјаојутаи во Пекинг. Разговорот траеше повеќе од час и половина, по што шефовите на државите ги продолжија разговорите во „тет-а-тет“ формат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата