Автомобил се заби во колоната во која беше Тереза Меј

Автомобил се заби во колоната возила во Белгија во која се наоѓаа британската премиерка Тереза Меј и белгискиот премиер Чарлс Мишел.

Според првите информации, автомобилот се судрил со два полициски мотоцикли кои се превртеле. Белгискиот премиер веднаш наредил колоната да се запре, и тој излегол од автомобилот за лично да се увери дека полицајците се во ред.

Инцидентот се случи на автопатот, а двајцата премиери се враќаа од одбележувањето на завршувањето на Првата светска војна.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари