logo
logo
logo

Австрискиот претседател ќе се кандидира за втор шестгодишен мандат

Vecer | 22.05.2022

Австрискиот претседател ќе се кандидира за втор шестгодишен мандат

Ван дер Белен е популарен политичар и е познат како цврста рака во турбулентни времиња, дури и за време на скандалозниот распад на владејачката коалиција меѓу конзервативната Народна партија (ОВП) и екстремно десничарската Партија на слободата во 2019 година.

Членовите на двете најголеми партии во парламентот, ОВП и Социјалдемократската партија, изјавија дека веројатно нема да ги номинираат своите кандидати доколку Ван дер Белен се кандидира.

Австриските претседатели имаат главно церемонијална улога, но тие ги контролираат кризните и транзиционите периоди и имаат моќ да ја разрешат владата.

„Моето име е Александар Ван дер Белен. Се натпреварувам за претседателски мандат и ја барам вашата поддршка и глас“, порача тој во видеото објавено на интернет во неделата.

Во мај 2016 година, кога европската миграциска криза беше доминантно политичко прашање, Ван дер Белен победи со мала разлика, 50,3 отсто наспроти 49,7 отсто во вториот круг против кандидатот на Партијата на слободата Норберт Хофер, пренесе Индекс.хр.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk