Австриската влада ги прашува граѓаните каква ЕУ сакаат

Австриската влада, земјата која во моментов преседава со Европската Унија, покрена онлајн прашалник за реформите во Унијата.

Прашалникот што се наоѓа на сајтот на владата, содржи четири прашања, со цел да се види каква ЕУ сакаат граѓаните.

Од владата укажуваат дека прашалникот содржи мал број прашања, но нема ограничување во делот на одговорите.

Првите две прашања се однесуваат на тоа во кои области граѓаните сакаат поголемо, односно помало ангажирање на Унијата.

Покрај тоа, поставено е и прашањето кои законски иницијативи граѓаните сакаат да ги иницираат на ниво на ЕУ, како и дали постојат области кои им причинуваат посебна грижа и каде сакаат поголема поддршка од Европската Унија.

„ЕУ е унија на граѓаните. Како таа треба да се развива, пред сѐ е прашање за граѓаните“, нагласи министерот за европски прашања, Гернот Блимел и ги повика во што поголем број да учествуваат во прашалникот, бидејќи се работи за заедничката иднина.

Резултатите ќе бидат објавени на есен.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари