Австриската десничарска партија го избриша скандалозното расистичко видео по жестоките критики

Антимигрантската Слободарска партија на Австрија (ФПО) со анимиран видео-клип промовираше нова картичка за идентификација за да се спречи злоупотребата на социјалните услуги , но клипот веднаш беше оценет како расистички и полн омразазашто во него се појавува лик на измамник кој носи фес и се вика Али, пренесува „Спутник“.

Прес-службата на ФПО, парија која управува со земјата заедно со Австриската народна партија (ОВП), објави контроверзно видео за Е-картички, предложени лични карти со фотографии кои ќе бидат воведени во 2020 година. Клипот е насловена „Фотографија на е-картичка – крај на социјалната злоупотреба!“

Нејзиниот главен лик Али, кој носи традиционален турски фес, сака да посети стоматолог, но нема осигурување и се обидува да ја искористи личната карта со фотографија на својот братучед Мустафа. Сепак, измамата не му успева. Во видео-снимката, министерката за социјални работи, Беате Хартингер-Клајн, претставник на ФПО, објаснува дека оваа мерка треба да ги спречи „оние што мамат и ги искористуваат нашите системи за социјална заштита, а не платиле никакво осигурување”. Видеото завршува со зборови „Немаш среќа, Али!”.

Клипот беше критикуван одопозицијата, активистите за човекови права и од корисниците на социјалнитре мрежи кои ја обвинија ФПО за поттикнување омраза и го нарекова клипот расистички и ксенофобичен. Партијата „Петер Пилс Лист“, основана од поранешен пратеник на Зелените, сака да почне парламентарна истрага против министерката за социјални работи, која се појавува во видеото, за да дознае дали таа знаела за контекстот во кој биле користени нејзините изјави.

По превирањата, клипот беше избришан од профилите на ФПО на Фејсбук и на Јутјуб. Генералниот секретар на партијата, Кристијан Хафенекер, изјави дека не го видел видеото пред да биде поставено на интернет. Тој го посочи немањето комуникација како причина за ситуацијата и рече дека првичната порака можела да биде презентирана поинаку, но кога работат многу луѓе, понекогаш се случуваат грешки.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари