Австријците не се задоволни од справувањето со пандемијата од коронакризата во ЕУ, покажува анкетата на Галуп, пренесуваат австриските медиуми.

Според овие податоци, 51% од Австријците веруваат дека ЕУ ќе излезе ослабена од оваа криза.

Сликата за Унијата, се посочува во анализата, е нарушена пред се од доцнењето во набавката на вакцините.

Сепак, и покрај тоа, огромното мнозинство е за опстанок на ЕУ.

Само пет проценти од Австријците рекле дека ЕУ има „огромен придонес“ во надминувањето на кризата, а една четвртина оцениле дека придонесот е „голем“, додека 21 процент не гледаат никаков придонес, а 41 процент многу малку.

Повеќе од една третина од Австријците, што е 38 проценти, изјавиле дека имаат помала доверба во Претседателот на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Што се однесува до набавката на вакцини, само 27 проценти ја гледаат причината во доцнењето на испораките во производните капацитети, а 48 проценти се на мислење дека Европската Комисија лошо се наметнала врз фармацевтските проблеми.

Исто така, 47% се на мислење дека ЕУ наредила вакцини предоцна. Покрај тоа, 45% од Австријците сметаат дека ќе биде подобро ако државите сами се погрижат за набавка на вакцината.

И покрај сите критики, 58 проценти од Австријците сакаат опстанок на ЕУ, а ако се споредат резултатите со истражувањето во мај минатата година, поддршката за Унијата е зголемена за два проценти.

makfax.com.mk