logo
logo
logo

Австрија воведе задолжителна вакцинација, познати се и казните

Vecer | 21.01.2022

Австрија воведе задолжителна вакцинација, познати се и казните

Австрија е првата земја во Европа која воведе задолжителна вакцинација.

Пратениците со 137 гласаа „за“ и 33 „против“ задолжителната вакцинација, која ќе важи за сите жители на возраст од 18 и повеќе години.

Исклучок се бремените жени, лицата кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини или кои закрепнале од инфекција со коронавирус во последните шест месеци.

Говорејќи во парламентот, министерот за здравство Волфганг Мекштајн ја нарече мерката „голем и траен чекор“ во борбата на Австрија против пандемијата.

„На овој начин можеме да го избегнеме циклусот на отворање и затворање“, рече тој, истакнувајќи дека не се работи само за борба против омикрон, туку и против сите идни варијанти што би можеле да се појават.

За почеток, властите ќе напишат писмо до секое домаќинство за да го информираат за новите правила.

Од средината на март, полицијата ќе започне да го проверува статусот на вакцинација на луѓето за време на рутински проверки; лицата кои не можат да дадат доказ за вакцинација ќе биде побарано да го сторат тоа во писмена форма, а доколку не го сторат тоа, ќе бидат казнети со парична казна од 600 до 3.600 евра.

Обврската за вакцинација треба да остане на сила до крајот на јануари 2024. Стручната комисија на секои три месеци ќе известува до Владата и парламентот за напредокот на вакцинацијата.

Владата првично планирала обврската да важи за сите жители на возраст од 14 и повеќе години, но ја промениле на 18 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk