logo
logo
logo

Австрија воведе нови правила за влез во земјата

Vecer | 24.01.2022

Австрија воведе нови правила за влез во земјата

Се воведуваат нови правила кои важат за сите.

Сличен режим се разгледува во различни делови на Европската унија.

Во Австрија без ограничувања од денеска можат да влезат сите оние кои примиле две дози и бустер доза од вакцината, со тоа што бустер дозата да важи веднаш од моментот на вакцинација.

Оние кои примиле две дози од вакцината, но не и бустер, мора да имаат негативен ПЦР тест. Оние кои примиле единечна доза Џонсон и Џонсон, исто така, мора да имаат негативен тест.

Негативен ПЦР тест е задолжителен за сите оние кои имале коронавирус. Оние кои не се заразиле со вирусот или не примиле две дози од вакцината, не можат да влезат во Австрија без задолжителен карантин, дури и ако имаат негативен ПЦР тест.

Што се однесува до децата, оние на возраст под 12 години кои се придружени од целосно вакцинирани или возрасни лица кои го прележале вирусот не мораат да бидат вакцинирани или да имаат негативен ПЦР тест.

Децата над 12 години кои се родени по 1 септеври 2006 година мора да имаат негативен ПЦР тест.

Тинејџерите родени пред 1 септември 2006 година треба да ги исполнуваат сите услови како возрасни, па за да влезат во Австрија мора да имаат или три дози или две дози или прележан вирус со задолжителен ПЦР тест.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk