Австрија ќе забрани во нејзината земја да се води кампања за изборите во Турција

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц изјави дека неговата влада ќе направи се за да спречи Турците да водат предизборна кампања на нејзина територија.

„Кампањата не би била добро прифатена и затоа нема да биде дозволена“, изјави Курц и додаде дека туркото раководство низ годините се обидува да ги инструментализира заедниците од турско потекло во Европа.

Курц прецизира дека предизборните митинзи ќе се забранат според неодамнешните измени во законот за јавните собири, што им дава право на властите да забрануваат собири кои служат за политичка активност на граѓани од други земји, или кои и штетат на интересите на Австрија.

Канцеларот наведе дека ќе забрани митинзи не само на турската владејачка партија, туку и на опозицијата. Додаде дека сака избегне огнената атмосфера во Турција да стигне до Австрија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари