logo
logo
logo

Австралија потврди дека двајца патници од Јужна Африка се заразени со сојот омикрон

Vecer | 28.11.2021

Австралија потврди дека двајца патници од Јужна Африка се заразени со сојот омикрон

Здравствената управа на австралиската држава Нов Јужен Велс објави дека извршила итни тестови кои го потврдиле присуството на овој нов вид на вирус кај двајцата патници кои вчера пристигнале во Сиднеј.

„Тие пристигнаа со лет на „Катар ервејс" преку Доха, соопшти Управата.

Двете лица биле позитивни на Ковид-19, се покажало веднаш по пристигнувањето, кога била направена дополнителна анализа за да се утврди дали тие го носат новиот сој на вирусот – омикрон, што првпат е откриен во Јужна Африка.

„Двата позитивни случаи, кои се асимптоматски, се изолирани во посебни простории. Двете лица се целосно вакцинирани", соопшти австралиската здравствена управа.

Уште 12 патници од Јужна Африка кои патувале со истиот авион, сега се во карантин, иако не покажале позитивен тест за Ковид-19, соопшти управата.

Околу 260 патници и членови на екипажот од летот, исто така, се повикани да се изолираат. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk