logo
logo
logo

Австралија им воведе санкции на украинските сепаратисти: Се противиме на она што го прави Путин

Vecer | 02.10.2022

Австралија им воведе санкции на украинските сепаратисти: Се противиме на она што го прави Путин

Новите санкции се насочени кон поединци за кои австралиската влада вели дека го кршат меѓународното право за да ги легитимизираат руските акции во Украина преку „лажни референдуми, дезинформации и заплашување“.

„Овие дополнителни санкции го зајакнуваат силното противење на Австралија на постапките на претседателот Путин и на оние кои ги извршуваат неговите наредби“, рече министерката за надворешни работи Пени Вонг.

Во петокот, рускиот претседател Владимир Путин претседаваше со церемонијата на анектирање на четири украински региони кои беа делумно окупирани од руските воени сили. Церемонијата се одржа три дена по завршувањето на набрзина организираните референдуми, по што поддржувачите на Москва во окупираните региони изјавија дека мнозинството гласачи, или 99 отсто од нив, се изјасниле за приклучување кон Русија.

Киев и западните влади го осудија референдумот како незаконски и принуден.

„Областите на Украина кои моментално се окупирани од руските сили се суверена територија на Украина. Ниту еден лажен референдум нема да го промени тоа“, рече Вонг.

Ставот на Австралија е дека регионите Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон се суверена украинска територија.

Канбера исто така поднесе барање до Меѓународниот суд на правдата за поддршка на тврдењето на Украина против Русија за кршење на Конвенцијата за геноцид.

„Ние стоиме со Украина во покренувањето на овој случај против Русија пред Меѓународниот суд на правдата“, рече државниот обвинител Марк Драјфус во заедничката изјава со Вонг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk