Најмалку четири лица се здобија со полесни повреди откако помал авион беше принуден да слета на автопат во предградие на Чикаго.

Авионот BeechB24R во четвртокот итно слетал на автопатот 355 поради проблеми со моторот, при што беа повредени пилотот и тројца патници. Инцидентот се случил околу 11:30 часот, пишува Ен-Би-Си Чикаго.

39-годишниот пилот и тројца патници, вклучувајќи го и 15-годишник се здобиле со полесни повреди и биле пренесени во болница.