logo
logo
logo

АСТРАЗЕНЕКА е единствена вакцина која се продава без ПРОФИТ, другите се збогатија

Vecer | 26.03.2021

АСТРАЗЕНЕКА е единствена вакцина која се продава без ПРОФИТ, другите се збогатија

Научникот кој го предводи тимот што ја разви вакцината АстраЗенека вели дека оваа компанија не заработува ништо од вакцините за разлика од другите и дека ќе размисли за зголемување на цената на вакцините заради однесувањето на ЕУ кон нив.

Џон Бел, професорот од Оксфорд, кој беше еден од клучните научници во развојот на вакцината АстраЗенека, даде интервју за британски Телеграф, во кое тој рече дека АстраЗенека може да ја доведе во прашање претходната одлука да не профитира од вакцината, поради критиките од Европската унија.

- Има момент кога АстраЗенека може да рече: Сега ќе престанеме да наплаќаме ниска цена затоа што не ни давате признание за сè што направивме. Цената на акцијата на АстраЗенека падна, не се зголеми. Ние произведуваме повеќе вакцини од кој било друг. Таа е безбедна и ефикасна вакцина, но никој не се грижи.

Тој истакна дека има фрустрација во „АстраЗенека“ затоа што се откажува од профитот на вакцината, што не важи за ривалите како „Фајзер“ или „БиоНТек“.

- Немам проблем луѓето да заработуваат пари, но сега не е време за тоа. Фармацевтската индустрија ни кажува: 'Погледнете не, ние бевме одлични и го спасивме светот'. Да, тоа е, но исто така заработивте многу пари.

Самата АстраЗенека ги коментираше изјавите на водечкиот научник од Оксфорд.

- Од самиот почеток, пристапот ни беше таков што третиравме развој на вакцини како одговор на вонредната глобална закана по здравјето и ќе продолжиме да работиме во истиот дух. Ние сме апсолутно посветени на обезбедувањето на вакцината на што повеќе земји, без да заработиме ништо за време на пандемијата. Компанијата вети дека ќе ја продаде вакцината по цена што е доволно само да ги покрие трошоците за време на пандемијата, изјави портпаролот на АстраЗенека.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk