Ашколсун Ефенди: Во Турција се гласаше и во традиционални носии, но тоа не е се (ФОТО)

Претседателските и 27. парламентарни избори во Турција поминаа во една демократска атмосфера, а за старите лица и инвалидите, за првпат оваа година стапи во сила, гласањето во „мобилни гласачки кутии", кои беа донесени во нивните домови, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Турција оваа година беа регистрирани 56 милиони 322 илјади и 632 гласачи во 180.065 гласачки места.

Процесот на гласање започна во 08:00 часот, а граѓаните имаа можност да гласаат до 17:00 часот по локално време.

Старите лица и инвалидите својата граѓанска должност ја извршија во „мобилните гласачки кутии", кои беа донесени во нивните домови од страна на надлежните лица. Бројот на овие гласачи изнесува 17.258.

Од друга страна, некои гласачи низ земјата гласаа во нивните традиционални облеки, кои предизвикаа „шарени моменти" за време на гласањето.

Една двојка пред својата свадба во турскиот град Ескишехир, во гласачките кутии дојде со венчаница и одело.

Меѓу другото, во турскиот град Денизли, еден гласач и неговата сопруга, за време на гласањето беа придружени од нивните папагали, именувани „Султан" и „Шаќир". Брачна двојка во градот Билеџик, дојде да го искористи своето граѓанско право, заедно со своето куче.

Во населбата Бозќој, со население од 48 лица, во подрачјето на Демирџи кое се наоѓа во градот Маниса, регистрирани се 29 гласачи. Процесот на гласање во оваа населба траеше 32 минути, додека во село Бандирлак, во градот Ѓумушхане, село во кое се наоѓаат 15 гласачи, процесот на гласање траеше 30 минути.

Турските граѓани со потекло од Русија, на изборите гласаа во градот Анталија.

И граѓаните со странско потекло во подрачјата на Фетхије, Мармарис и Бодрум кои се наоѓаат во Мугла, денеска го искористија своето право на глас.

Извор+Фото: Анадолу

Поврзани

Најнови вести

Коментари