Асанж сам да се предаде на властите, рече претседателот на Еквадор

Ако британската влада гарантира дека Џулијан Асанж нема да биде екстрадиран во друга земја како што би можел да се соочи со смртна казна, тој самиот би требало да се предаде на властите, рече претседателот на Еквадор, Ленин Морено.

„Ако британската влада му ја гарантира безбедноста, сметам дека е во негов најдобар интерес да се предаде на властит“, рече Морено, кој додаде дека иако Велика Британија дала таква гаранција, тој бара појаснување на нивната позиција.

Асанж е основач на „Викиликс“, кој живее во Еквадорската амбасада во Лондон од 2012 година, додека во Шведска го бараат за обвиненија за сексуален напад. Тој тврди дека е невин и дека обвиненијата не се ништо повеќе од обид да го екстрадираат во САД.

Еквадор го отстрани својот амбасадор во Велика Британија пред две недели, предизвикувајќи нови шпекулации за иднината на Асанж во амбасадата во Лондон.

Морено рече дека претпочита Асанж самиот да се предаде поради трошоците што Еквадор ги плаќа откако му додели азил, иако нагласи дека Еквадор не планира да го исфрли Асанж од амбасадата.

„Ќе го заштитиме господин Асанж – затоа бараме решение, но тоа мора да биде заемно решени“, рече тој.

Морено истакна и дека Асанж не треба да стравува за својот живот бидејќи Британија никогаш не би го екстрадирала во земја каде што му се заканува смртна казна.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари