logo
logo
logo

АПА: ЕУ не сака да го објави нон-пејперот за Западен Балкан

Vecer | 02.06.2021

АПА: ЕУ не сака да го објави нон-пејперот за Западен Балкан


Генералниот секретаријат на Советот на Европската унија го чува „под клуч“ документот, односно контроверзниот „нон-пејпер“ во кој се предлага промена на границите на Западен Балкан, тврди австриската агенција АПА.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, чија земја е следен претседавач со ЕУ, предложи, според претходните извештаи на словенечките медиуми, нов цртеж на границите на Балканот.

„ По детална проверка, мора да ве известам дека не можеме да ви овозможиме пристап до тој документ“, одговори Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ на истрагата на АПА.

Објаснето е дека објавувањето на единствениот документ што го има оваа институција на ЕУ ќе ги загрози меѓународните односи.

Според словенечките медиуми, овој непотпишан документ со предлози за нови граници во поранешна Југославија, Јанша, заобиколувајќи го официјалниот пат, му го предал на претседателот на Советот на ЕУ, Чарлс Мишел.

Сепак, тоа никогаш не беше потврдено, а Јанша негираше дека словенечката влада имала врска со тој документ.

Инаку, додава АПА, во документот се наведува дека, доколку предлозите стигнат до јавноста, документот мора да биде одбиен.

Словенија ќе го преземе претседателството со ЕУ на 1 јули и најави дека сака да посвети посебно внимание на приближувањето на Западен Балкан кон Унијата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk