АП: Новата стратегија на Ким е само можност за разговори со Трамп?

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун конечно проговори за тоа што планира да донесе на преговарачката маса на самитот со САД и Јужна Кореја. Според американската агенција „Асошиејтед прес“ Ким всушност маневрира за да има можност за разговори со Трамп на рамноправна основа и нуклеарната програма на Северна Кореја не е поблиску до крајот, отколку што била претходно.

Ким во петокот, по состанокот со Централниот комитет на неговата партија, ја претстави новата стратегија на Пјонгјанг, која предвидува завршување на нуклеарните и ракетни тестови. Исто така нагласи дека полигонот „Пунгје Ри“ ќе биде затворен, но како што се верува, тој полигон веќе некое време не функционира.

Северна Кореја веќе со децении се залага за концепт на денуклеаризација кој нема никакви сличности со американската дефиниција за денуклеаризација. Тие ветуваат дека ќе продолжат со својата нуклеарна програма ако Вашингтон не даде цврсти гаранции за безбедноста на Северна Кореја и да ги отстрани своите 30.000 војници на Корејскиот полуостров, наведува АП.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари