logo
logo
logo

Анкета: Поддршката за германските конзервативци падна за два отсто за една недела

Vecer | 04.02.2025

Анкета: Поддршката за германските конзервативци падна за два отсто за една недела

На помалку од три недели пред федералните избори, анкетата покажа дека 16 отсто од испитаниците го поддржуваат канцеларот Олаф Шолц (СПД), додека поддршката за крајнодесничарската Алтернатива за Германија остана непроменета на 20 отсто.

Мерц, кој се кандидираше за канцелар на листата на конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ, Минатата недела доби одобрение од парламентот за предлогот за ограничување на миграцијата со помош на гласовите на АфД.

Обидот на Мерц да протурка дополнителни миграциски закони во парламентот пропадна во петокот, откако некои негови пратеници не ја поддржаа. Изборната кампања на германските кандидати се фокусираше на миграцијата откако авганистански барател на азил беше уапсен во фатален напад со нож на 22 јануари, како и претходни напади од други баратели на азил.

Анкетата на Форса беше спроведена помеѓу 28 јануари и 3 февруари, речиси целосно по првото парламентарно гласање. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk