Анкара: Подготвени сме за операција против силите на сириските Курди

Турција е подготвена, доколку е неопходно, да спроведе воена операција против Силите за заштита на народот на сириските Курди, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин.

Во изјава за турската државна телевизија ТРТ, Калин нагласи дека турската армија би можела да спроведе операција во реонот на Африн во северна Сирија, доколку од таму биде загрозена национална безбедност на Турција.

- Доколку е потребно ние можеме да спроведеме таква операција, бидејќи сите подготовки за неа се завршени, нагласи Калин.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот, кои ја имаат контролата врз реонот на Африн, за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК) на турските Курди. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.

Во изминативе неколку месеци турската армија распореди дополнителни сили долж границата со Сирија, пред се крај реоните што се под контрола на сириските Курди.

Весникот „Туркие" уште во јуни годинава објави дека Вооружените сили на Турција завршиле со подгоотвките за спроведување копнена операција во реонот на Африн, по што тогашниот турски министер за одбрана и актуелен вицепремиер Фикри Ишик изјави дека не е исклучена можноста за таква акција.

Поврзани

Најнови вести

Коментари