logo
logo
logo

Ангела Меркел БЕШЕ ВО ПРАВО

Vecer | 15.04.2021

Ангела Меркел БЕШЕ ВО ПРАВО

Германскиот министер за здравство Јенс Спан апелираше до 16 сојузни германски држави што побрзо да воведат построги ограничувачки мерки со цел да се забави ширењето на коронавирусот.

Во последниот пресек на ситуацијата, Германија пријави скоро 30.000 нови случаи.

Спан рече дека не треба да чека да биде усвоен националниот закон за мерки, пренесува Ројтерс.

„Од минатата есен знаеме што се случува кога не реагираме брзо“, изјави Спан пред новинарите, додавајќи дека лекарите очекуваат дека до крајот на месецот ќе има 6.000 пациенти на одделите за интензивна нега.

Да потсетиме, германската канцеларка Ангела Меркел во неколку наврати се обиде да ги убеди „непослушните“ водачи на покраините и да воведе уште построги мерки, иако оние што се на сила во Германија се меѓу најстрогите што воопшто се применуваат.

Сепак, тоа не успеа во тоа, па беше критикувана и јавно и тајно. На крајот, таа мораше пред пратениците, но и пред јавноста, во ТВ-пренос, да се извини за тоа инсистирање, како и дека предлогот е исклучиво нејзин.

Меѓутоа, кога ќе се сведе на пресметка, канцеларката сепак беше во право.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk