Анестезиолог инфицирал 1 300 пациенти со хепатит Ц во Германија

Против анестезиологот во болницата во Донауверт (германската покраина Баварија) започна истрага под сомнение дека во операционата сала заразил 1 300 пациенти со хепатит Ц. Болницата ги повикала пациентите на кои тој им дал анестезија да се тестираат, и од 752 пациенти, кои досега го направиле тестот, 45 се позитивни.

Лекар од општа пракса ја извести здравствената служба дека тројца негови пациенти се заразени со хепатит Ц додека се лекувале во болницата „Донау-Рис“, според „Билд“.

Установено е дека се инфицирани преку операциони инструменти, и дека осомничениот анестезиолог е наркоман, кој самиот си вбризгувал анестезија.

Неговите адвокати тврдат дека тој не знаел дека бил заразен и дека бил подложен на рутинска проверка пред две години, кога бил негативен. Инфекцијата со хепатит Ц му беше откриена годинава.

Обвинителството во Аугсбург започна истрага против него за нанесување телесна повреда, и според „Билд” сè уште не е утврдено дали тој дејствувал со предумисла.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари