Во Њујорк и во Вашингтон се оддржа необичен протест во кој учествуваа луѓе кои заработуваат повеќе од еден милион долари годишно и имаат богатство вредно и над пет милиони долари.

Протестите беа организирани од движењето „Патриотски милионери“, кое се бори за високи даноци за супербогатите Американци.

Во Вашингтон, учесниците на протестот се собраа пред домот на првиот човек на Амазон, Џеф Безос, и носеа плакати со натписи „Оданочете ги богатите“.

Преку протестот патриотските милионери ги повикаа властите на САД да ги зголемат даноците за супербогатите.

Според членовите на движењето, најмногу даноци треба да плати Безос и сличните на него, кои купуваат недвижности и јахти вредни десетици милиони долари. Богатството на Безос се проценува на 185 милијарди долари.

makfax.com.mk