Лидерката на американскиот Конгрес Ненси Пелоси денеска слета во Тајван, со што стави крај на неколкудневните шпекулации дали посетата ќе се одржи. И покрај најавите, Кина не реагираше активно на оваа провокација на Пелоси, која долго е трн во Пекинг, пред се, поради нејзиното инсистирање за наводно кршење на човековите права.

Nensi Pelosi
За потсетување, Пекинг денеска ги предупреди американските политичари дека „нема да заврши добро“ ако „играат со оган“ над Тајван, откако се појави видео на кое наводно се гледаат тенкови наредени на плажите спроти островот.

 

 

Пекинг претходно предупреди дека САД „ќе ја платат цената“ доколку Пелоси го посети Тајван, додека кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во вторникот рече дека оние американски политичари кои „играат со оган“ по прашањето за Тајван „нема да завршат добро“.

Во услови на зголемени кинески предупредувања за посетата на Пелоси, четири американски воени бродови, вклучувајќи го и носачот на авиони УСС Роналд Реган, беа позиционирани во водите источно од Тајван на „рутинско“ распоредување.