Иако исплатата е доста висока, компанијата вели дека успеале делумно да ги намали загубите со повлекување од пазарот во Калифорнија, објави Си-Ен-Ен.
Износот што треба да го плати Олстејт е сè уште мал дел од вкупните штети за осигурување по јануарските пожари во Калифорнија, бидејќи сопствениците на 16.600 имоти ќе треба да бидат обештетени, а истражувачката компанија CoreLogic, која ги следи трошоците за катастрофи како што се пожари и урагани, вели дека тоа може да чини помеѓу 35 и 45 милијарди долари.
Многу осигурителни компании, вклучително и Allstate, ги откажуваат полисите за сопствениците на куќи поради зголемената закана од шумски пожари во многу области на Калифорнија, оставајќи ги со поскапи и често ограничени алтернативи.
Allstate објави добивка од 2,1 милијарди долари (2,03 милијарди евра) во четвртиот квартал, што е за 34 отсто повеќе од претходната година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата