Американска "црната листа" на ЕУ корпорации: Еве кој најлошо ќе помине од санкциите на Иран!

Ќе успеат ли ЕУ компаниите  да излезат од “санкциските прегратки“ на САД, кои не се непозанти на тлото на Европа и ..

Откако американскиот претседтел Доналд Трамп повторно воведе строги санкции кон Иран, кои беа укинати 2015 година, после потпишување на меѓународниот договор за контрола на иранските нуклеарни амбиции, ЕУ се обидува да најде начин да ги зачува вредните бизнис договори склучени со Иран.

Со стапување на сила нуклеарниот договор во 2016 со Иран, многу европски комапнии склучиле договор со Иран, вредни милијарди долаи, а сега работа на илијадници работници доведени се под знак прашање.

Многу од тие компании стравуваат дека нивната врска со САД, ќе го загрози работење со Иран кога ќе истече рокот во ноември 2018.

Пред воведување санкции на Иран 2012 година, ЕУ била нивен најголем трговски партнер. Извозот на ЕУ во Иран (стока и услуги) изнесувал 10,8 милијарди евра, а увезена е роба од 10 милијарди евра, двојно повеќе пред 2016

После укинување на санкциите ЕУ и Иран потпишале вреден бизнис договор вклучувајќи ги следните:
Француската компанија "Тотал" потпишала договор со Иран вреден пет милијарди долар.

- Франнцускиот "Тотал" потпишал договор со Иран во вредност од пет милијарди долари за помош на Иран во изградба на најголемо гасно поле "South Pars";

- Норвешката компанија "Saga Energy" потпишала договор за изградба на соларна електрана во вредност од три милијади долари;

- "Ербас" потпишал договор за продажба на 100 авиони на компанијата "IranAir";

- Германскиот "Simens" потпишал договор за модернизација на иранслата железничка пруга и обнова на 50 локомотив;

- Италијанската државна железница ФС потпишала договор во вредност од 1,4 милијарди долари за изградба на брза пруга од Кома до Арака;

- Француски "Reno" потпишал договор за основање заедничко претпријатие, вклучувајќи и фабрики и инжињерски центар, со зел зголемување на производните капацитети на компанијата во Иран на 350.000 возила годишно.

Списокот не е конечен, но едно е не "конечно", компаниите имаат време и можност да обмислат како да излезат од “санкциските прегратки“ на САД, кои не се непозанти на тлото на Европа па и пошироко.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари