Таа липаше, плачеше, беше во шок - мешавина од тага, солзи радосници и чувство на олеснување.
Судот во Бронкс нареди нејзино ослободување откако новите докази покажаа дека, спротивно на тогашната пресуда, таа нема никаква врска со нарачаното убиство во Бронкс што се случило пред 25 години.
„Веднаш знаевме дека е невина“, изјави нејзиниот адвокат Ирвинг Коен за New York Post. Тој бил клучен во нејзиното ослободување и рече дека Кимберли Ханзлик реагирала „навистина емотивно“ на ослободувањето.
Во 2011 година, Кимберли Ханзлик била осудена на 20 години затвор. Судот, врз основа на доказите во тоа време, утврдил дека Кимберли го дала клучниот совет што довело до убиството на семејниот човек Џозеф Браун во Њујорк во март 1999 година. Убиецот ја застрелал својата жртва осум пати, пишува Билд.
Во текот на истрагата било утврдено дека за време на ликвидацијата дошло до промена на идентитетот и дека не требало да биде убиен Џозеф Браун, туку неговиот брат, наркодилерот Томас Браун. Во тоа време Кимберли Ханзлик била проститутка зависна од крек, поради што нејзиниот кредибилитет бил доведен во прашање, што веројатно придонело за толку голема затворска казна.
„Госпоѓа Ханзлик помина 13 години во затвор врз основа на сведочењето на судењето кое денес веќе нема да биде веродостојно во светлината на откривањето на новите информации. Таа е апсолутно невина“, рече нејзиниот адвокат, истакнувајќи дека една од клучните точки за време на изрекувањето на пресудата било она што наводно било видено на местото на злосторството на авенијата Ист Тремонт во Њујорк.
За време на новите истраги, се појавиле докази кои покажуваат дека изјавата на клучниот сведок што првично довело до осудата на Кимберли Ханзлик била лажна. Кимберли не била на местото на злосторството, што автоматски не ја става во никаква поврзаност со убиството.
Семејството на жртвата со големо незадоволство ја примило новата пресуда и се уште тврдат дека Кимберли е виновна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата