logo
logo
logo

Американец објавил дека е мртов за да избега од законот, го нашле на респиратор во Шкотска

Vecer | 14.01.2022

Американец објавил дека е мртов за да избега од законот, го нашле на респиратор во Шкотска

Николас Роси е баран од Интерпол и се соочува со обвиненија за силување во Јута, САД. Во декември, тој бил примен во Универзитетската болница „Кралица Елизабета“ во Глазгов поради инфекција со коронавирус, каде што го користел лажното име Артур Најт. Шкотската полиција соопштила дека тој бил приведен врз основа на меѓународна потерница.

Американските власти потврдиле дека 34-годишниот Роси бил познат и како Николас Алахвердијан во државата Род Ајленд, каде бил вклучен во локалната политика и бил критичар на државниот систем за згрижување деца, пишува Би-Би-Си.

Роси за американските медиуми во декември 2019 година изјавил дека има доцна фаза на Хочкиновиот лимфом и дека му преостануваат уште неколку недели живот. Некои медиуми објавиле дека тој починал во февруари 2020 година.

Во ин мемориамот објавен на Интернет бил прогласен за „воин кој две децении се бореше на првите линии за правата на децата“. Се пишувало и дека неговата пепел била расфрлана по морето.

Роси бил пронајден на одделот за интензивна нега во болницата во Глазгов каде бил на респиратор. Медицинскиот персонал не знаел дека е на црвената листа на Интерпол. Тој бил уапсен на 13 декември.

Судските записи покажуваат дека бил баран во САД поради наводно силување. Избегал од властите во неколку американски држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk