Американец кој го преживеал масакрот во Вегас, убиен при пукањето во калифорнискиот ноќен клуб

Млад човек кој минатата година го преживеал масакрот во Лас Вегас, е еден од убиените при пукањето во ноќниот клуб во Калифорнија, објави Би-би-си.

Минатогодишниот масакр во Лас Вегас се смета за најлошо масовно убиство во современата историја на САД. Во тој напад загинаа 58 лица.

Еден од луѓето кои успеаја да го преживеат ова пукање, 27-годишниот Телемакус Орфанос, беше убиен во масакрот што неодамна се случи во калифорниски ноќен клуб, северозападно од Лос Анџелес.

Пукањето во Лас Вегас се случи на 1. октомври минатата година на фестивал за кантри музика, а иста таква се пуштала и во клубот во Калифорнија.

Мајката на Телемакус Орфанос, во интервју за американската телевизија Еј-би-си, рече дека нејзиниот син во 2017. бил во Лас Вегас со многу пријатели и неповреден се вратил дома.

„Синоќа не се врати дома“, додала таа.

„Не сакам молитви, не сакам позитивни мисли, сакам да се воведе контрола на оружјето“, истакнала мајката на Орфанос.

„Иронично е тоа што откако го преживеа најстрашното масовно убиство во современата историја, беше убиен во родниот град“, рекол неговиот татко.

Полицијата, убиецот од ноќниот клуб во Калифорнија го идентификуваше како 28-годишниот Јан Дејвид Лонг, поранешен маринец кој служел во Авганистан и најверојатно страдал од пост-трауматски синдром.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари