logo
logo
logo

Американците го тргнаа кинескиот „Xiaomi“ од црна листа!

Vecer | 26.05.2021

Американците го тргнаа кинескиот „Xiaomi“ од црна листа!

Кинеската технолошка компанија Xiaomi во средата објави дека американскиот суд ја отстрани ознаката дека се Комунистичка кинеска воена компанија (CCMC) и ги укина сите ограничувања кои ги спречуваа Американците да купуваат или да поседуваат свои акции во компанијата.

Компанијата соопшти дека американскиот суд во областа Колумбија во вторникот донел конечна одлука со која се укинува терминологијата CCMC што ѝ е доделена од Министерството за одбрана на САД.

„Xiaomi повторува дека станува збор за отворена, транспарентна корпорација која тргува јавно и работи независно и се управува независно“, рече претседателот на Xiaomi, Леи Џун.

Судскиот поднесок навестуваше на почетокот на мај дека Министерството за одбрана на САД ќе ја отстрани Xiaomi од црната листа на САД, што е корекција на еден од последните потези на Трамп пред да ја напушти Белата куќа.

Xiaomi поднесе тужба против Министерството за финансии на САД и Министерството за одбрана на САД во јануари минатата година, со барање за поништување на одлуката на американската влада за нејзино влистување во комунистички и воени компании.

На почетокот на минатата година, Министерството за одбрана на САД го прошири списокот на кинески компании кои работат во Соединетите држави, кои според Вашингтон, се поврзани со кинеската воена индустрија. Во тоа време беа наведени девет компании, вклучително и Xiaomi.

Xiaomi негира каква било поврзаност со кинеската воена индустрија.

Кинеската компанија е основана во 2010 година и е еден од најголемите производители на паметни телефони во светот. На крајот на декември 2020 година, пазарната капитализација на Xiaomi за прв пат надмина 100 милијарди долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk