logo
logo
logo

АМЕРИКА ЗАГРИЖЕНА ЗА СТРАНСКИТЕ ПЛАТЕНИЦИ: ДНР покрена обвинение против Хрват, Британец и Швеѓанец

Vecer | 13.08.2022

АМЕРИКА ЗАГРИЖЕНА ЗА СТРАНСКИТЕ ПЛАТЕНИЦИ: ДНР покрена обвинение против Хрват, Британец и Швеѓанец

Властите на Соединетите Американски Држави се загрижени дека Врховниот суд на Народна Република Доњецк (ДНР) би можел да покрене обвинение против еден хрватски, тројца британски и еден шведски државјанин, напиша во петокот на „Твитер“ американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Според руски извори, станува збор за членови на националистичкиот баталјон Азов или други „паравоени“ формации.

- Загрижени сме поради извештаите за обвинувања против британски, шведски и хрватски граѓани од нелегитимните власти во источна Украина. Русија и нејзините полномошници имаат обврска да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи ги правата и заштитата дадени на воените затвореници – напиша Блинкен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk