logo
logo
logo

Америка работи на примирје во Газа: Блинкен на состанок со израелски и палестински претставници

Vecer | 24.05.2021

Америка работи на примирје во Газа: Блинкен на состанок со израелски и палестински претставници


Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, денеска ќе ја започне посетата на Ерусалим, Рамала, Каиро и Аман, која ќе трае до четврток, 27 мај, објави Стејт Департментот.

Во соопштението се наведува дека Блинкен ќе ги посети споменатите градови на барање на претседателот на САД, Џо Бајден.

Стејт Департментот посочува дека Блинкен најпрво ќе отпатува за Ерусалим, каде ќе се сретне со израелскиот претседател Реувен Ривлин, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, израелскиот министер за надворешни работи Габи Ашкенази и други високи функционери на таа земја.

Блинкен ќе се состане во Рамала со претседателот на палестинските власти Махмуд Абас, палестинскиот премиер Мохамед Стајех и други високи функционери.

Според Стејт Департментот, државниот секретар на САД ќе отпатува од Рамала за Каиро за да се сретне со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.

Соединетите Американски Држави соопштија дека се подготвени да соработуваат со палестинските власти и ООН за да обезбедат брза испорака на хуманитарна помош и да соберат средства за реконструкција на Газа.

„Во моментов сме фокусирани на хуманитарната состојба, на реконструкција и работиме со сите – Палестинци, Израелци, партнери од регионот“, рече Блинкен за Си-Ен-Ен.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk