logo
logo
logo

Америка окована во снег и мраз, најмалку пет лица починати од студот

Vecer | 16.02.2021

Америка окована во снег и мраз, најмалку пет лица починати од студот


Најмалку пет лица го загубиле животот во силното зимско невреме „Јури“, кое ги погоди САД, а во кое близу пет милиони куќи и компании останале без електрична енергија во Тексас, додека застрашувачки торнада биле забележани на југозапад, пренесуваат светските медиуми.

Националаната метеоролошка служба соопшти деке екстремно ниски температури биле забележани во Тексас, со температури до минус 29 степени Целзиусови.

„Во делови на Тексас е забележано нешто што може да се нарече „снежна топка“, односно комбинација од торнада и снег“, известуваат од Националаната служба.

Додавааат дека меѓу најпогодените држави се Тексас, Кентаки, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Оклахома.

Според последните податоци од службата,во Луизијана, 50-годишен маж починал откако се лизнал и паднал на леден тротоар и ја повредил главата. Две лица починале во Тексас поради смрзнување. Станува збор за 78-годишен старец кој паднал во дворот на својата куќа и останал на студ неколку часа, и за еден бездомник во Хјустон кој одбил засолниште и подоцна бил пронајден мртов во округот Харис.

Ледената бура достигна дури и до северните делови на Мексико, каде повеќе од четири милиони домови и деловни активности останаа без електрична енергија, известуваат од американската служба.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk