Америка одобри продажба на воена опрема на Тајван од 500 милиони долари

Американските власти ја одобрија потенцијалната продажба на воена опрема во вредност од 500 милиони долари на Тајван, потег што веројатно ќе поттикне дополнителни тензии со Кина.
Американскиот Стејт департмент се обиде да ја смири кинеската загриженост за предложената продажба, која ќе вклучува инфрацрвени системи за пребарување и следење, поддршка за муниција и опрема за програмата за борбени авиони Ф-16.
„Предложената продажба на оваа опрема и поддршка нема да ја променат основната воена рамнотежа во регионот“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
За продажбата ќе се преговара со одбранбената и воздушната компанија Локхид Мартин. Конечниот договор се уште не е потпишан.
Извор: al-Jazeera