САД ѝ испраќаат резерви на Индија вредни повеќе од 100 милиони долари за да ѝ помогнат во борбата против пандемијата, соопшти Белата куќа.

САД ќе испратат повеќе од илјада боци за кислород, единици за производство на кислород, 15 милиони маски N95, милион брзи дијагностички тестови и друга опрема што им е потребна на болниците во Индија. Најавено е и испраќање на милиони вакцини.

„Исто како што Индија испраќаше помош до САД кога нашите болници имаа проблеми за време на пандемијата, САД се решени да и помогнат на Индија во време кога тоа е потребно“, соопшти Белата куќа.

Индија со денови бележи црни пандемиски рекорди. Повторно, имаше повеќе од 300.000 новозаразени, со што бројот на заразени во земјата достигна скоро 18 милиони со повеќе од 200.000 починати.

Болниците се преполни и ги одбиваат пациентите поради недостаток на кревети и резерви на кислород.

Помош за Индија најавија и Европската Унија, Велика Британија, Германија, Русија…

makfax.com.mk