logo
logo
logo

„Амазон“ нема да ги тестира на марихуана кандидатите за работни позиции

Vecer | 02.06.2021

„Амазон“ нема да ги тестира на марихуана кандидатите за работни позиции


Американската компанија „Амазон“ објави дека го поддржува предлог-законот за легализација на канабисот на федерално ниво и најави укинување на условот за тестирање на марихуана за некои работни места.

Тимот за јавна политика за електронска трговија при „Амазон“ активно ќе го поддржи законот со кој се бара легализација на марихуаната на федерално ниво, рече шефот на одделот за потрошувачи, Дејв Кларк. „Амазон“, исто така, повеќе нема да тестира на марихуана кандидати за одредени позиции.

Иако многу американски сојузни држави ја легализираа употребата на марихуана, работодавците досега во голема мера одбиваа соработка со индустријата, бидејќи канабисот сè уште е класифицирана супстанца на федерално ниво.

„Во минатото, како и многу работодавци, ние ги дисквалификувавме луѓето за работа во ‘Амазон’ ако имаа позитивен тест за марихуана. Сепак, со оглед на тоа како се движат државните закони низ САД, ние го менуваме правецот“, рече Кларк.

Против „Амазон“ веќе е поднесена групна тужба, во која се тврди дека компанијата го крши законот во Њујорк, тестирајќи кандидати за вработување во локалните филијали за употреба на марихуана. Компанијата не дозволува продажба на марихуана на својата платформа.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk