Алжир нареди имплементација на забраната за никаб

Властите на Алжир издадоа наредба за спроведување на забраната за носење никаб на сите јавни службеници на работните места, поради идентификациски причини.

Премиерот Ахмед Оујахиа испрати наредба на регионалните владини шефови да ја имплементираат оваа директива.

„Јавните службеници се обврзани да ги почитуваат правилата и барањата за безбедност и комуникација во нивниот сектор, а тоа наложува нивна систематска и трајна физичка идентификација, особено на нивното работно место,“ изјавил премиерот.

Иако повеќето од жените во Алжир не носат никаб, оваа одлука најверојатно ќе наиде на гласни критики од страна на конзервативните Салафисти, малцинство кое следи строга верзија на Исламот.

Северноафриканската држава е разделена помеѓу умерени и радикални форми на Ислам откако беше вовлечена во долгогодишна граѓанска војна во 1992, кога владата поддржана од војската ги откажа изборите на кои исламистичка партија се бореше за победа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари