Алтмаер: Не сакаме трговска војна со САД 

Германскиот министер за економија Петер Алтмаер отпатува денеска за Вашингтон со порака дека американските царини за увоз на челик и алуминиум би можеле да доведат до трговска војна, што на никој не му е од интерес.

Тој за телевизијата АРД рече дека со патувањето во САД сака да ја спречи спиралата на мерки и контрамерки. „Никако не би сакал да започне трговска војна меѓу Европа и Соединетите американски држави“, изјави Алтмаер.  Европската унија веќе подготви и објави список на американски производи за кои дополнително ќе се плаќаат царини, доколу Америка остане на ставот дека зголемените царини ќе важат и за производите од Европа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари