logo
logo
logo

„Алкохолот е крив, што Хитлер е жив“: 30-тина германски војници повлечени од НАТО мисијата во Литванија

Vecer | 22.06.2021

„Алкохолот е крив, што Хитлер е жив“: 30-тина германски војници повлечени од НАТО мисијата во Литванија

Околу 30 германски војници се повлечени од Литванија како дел од мисијата на НАТО „Засилено фронтално присуство“ на НАТО - причината за нивното повлекување е многу непријатна за германската армија и охрабрува дискусија за некои прашања.

Имено, тие беа протерани, како што потврди портпаролката на германската армија, за „расистички, антисемитски изјави и сексуално насилство“.

Германскиот весник „Шпигел“ носи нешто пообемна приказна, па се наведува дека поголема група војници толку се опиле во хотел, што воената полиција морала да интервенира.

Понатаму, се посочува дека тие претходно пееле песна по повод роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.

Портпарол на германската армија рече дека ваквото однесување е „неприфатливо и е срамота за цела Германија“.

Голем е срамот, особено ако се земе предвид дека некои од најголемите воени злосторства на армијата на Хитлер беа извршени во балтичките републики.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk