logo
logo
logo

Али Хамнеи ги прекори арапските земји поради помирувањето со Израел

Vecer | 24.10.2021

Али Хамнеи ги прекори арапските земји поради помирувањето со Израел

Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Судан и Мароко соопштија дека ќе ги нормализираат односите со Израел во 2020 година, бидејќи Вашингтон, на чело со тогашниот американски претседател Доналд Трамп, ја стави арапско-израелската кохезија како надворешнополитички приоритет.

– За жал, некои влади направија големи грешки со нормализирањето на (нивните односи) со узурпирачкиот и угнетувачки ционистички режим, истакна Хамнеи, мислејќи на Израел.

– Ова е акт против исламското единство, тие мора да се вратат од тој пат и да ја поправат оваа голема грешка, додаде Хамнеи во својот говор по повод официјалната прослава во чест на раѓањето на пророкот Мухамед.

До минатата година Египет и Јордан беа единствените две арапски држави кои ги нормализираа односите со Израел.

– Ако се постигне единство на муслиманите, палестинското прашање дефинитивно ќе биде решено на најдобар начин, рече иранскиот врховен лидер.

Во мај, Хамнеи го опиша Израел како „терористичка база" и додаде дека тоа „не е држава".

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk