logo
logo
logo

Алармантна состојбата со Ковид во Русија - Путин воведе неработна платена недела

Vecer | 20.10.2021

Алармантна состојбата со Ковид во Русија - Путин воведе неработна платена недела

Рускиот претседател Владимир Путин го одобри предлогот за воведување неработна платена недела за работниците во Русија, која се воведува поради катастрофалните бројки со короната во таа земја. Русите нема да одат на работа во првата недела од ноември, односно од 30 октомври до 7 ноември, што е период кога веќе имаат училишен распуст.

Што се однесува до работниците кои допрва ќе треба да работат, нивните работодавачи и претпоставени ќе треба да ја организираат својата работа така што сите оние кои не се вакцинирани и имаат над 60 години мора да работат од дома еден месец, но и да им дозволат два дена да се вакцинираат јавува РТ.

Се воведува и забрана за работа на кафулиња, клубови и ресторани од 23 часот до 6 часот наутро.

- Во моментов, секој од нас има само два избори - или ќе се разболите или ќе се вакцинирате. Мислам дека е подобро да се вакцинирате. Зошто да чекате да се разболите, а потоа да ги трпите последиците - изјави Путин.

Во Русија денес има 34.073 новозаразени и 1.028 починати.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk