Ал Сиси: Преместувањето на амбасадата на САД ќе предизвика нестабилност

Египетскиот претседател Фатах ал Сиси предупреди дека преместувањето на американската амбасада во Израел, од Тел Авив во Ерусалим, ќе предизвика нестабилност во регионот.

„Што се однесува до преместувањето на амбасадата, рековме дека тоа прашање негативно ќе се одрази на арапското и исламското јавно мислење, како и дека води кон некој вид на незадоволство и извесна нестабилност, ќе се одрази и на палестинското прашање“ рекол Ал Сиси во телевизиско обраќање, пренесе Ројтерс.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари