logo
logo
logo

Активисти на „Гринпис“ во знак на протест поставија транспарент на покривот на зградата на ЕЦБ во Франкфурт

Vecer | 10.03.2021

Активисти на „Гринпис“ во знак на протест поставија транспарент на покривот на зградата на ЕЦБ во Франкфурт


Активисти од меѓународната еколошка организација „Гринпис“ денес се спуштија на покривот од зградата на Европската централна банка (ЕЦБ) за да развијат транспарент во знак на протест против политиката за заеми на оваа финансиска институција, за која климатските активисти тврдат дека ја фаворизира индустријата на најголемите загадувачи.

Агенцијата наведува дека активистите, со помош на моторизиран параглајдер, дошле до покривот на зградата во седиштето на ЕЦБ во Франкфурт, пред да развијат транспарент со натпис „Стоп за финансирање на климатските убијци“.

ЕЦБ потврди дека активистите се спуштиле на нејзиниот покрив и дека поради овој случај била повикана полиција, пренесува АП.

АП пренесува дека „Гринпис“ соопштил дека една неодамнешна студија покажала дека банката им дава подобар рејтинг-ризик на компаниите што произведуваат големи количини на стакленички гасови, додека индустријата прифатлива за климата е оптоварена со поголема маржа помеѓу пазарната вредност на нивните средства и вредноста што ја припишува ЕЦБ, и на тој начин  банката систематски ја поткопува заштитата на климата.

ЕЦБ на почетокот на оваа година објави дека формира специјална единица за координација на мерките против климатските промени за време на својата работа, наведува агенцијата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk