Дали тоа би го одредил исходот на војната?

Ако дојде до конфликт во Сирија, оваа голема светска сила ќе и помогне на Русија

Како што известуваат одредени медиуми, кинески борбени бродови кои се лоцирани во Средоземното Море добиле наредба во случај на воена ескалација во овој дел на светот да дејствуваат под команда на Руската морнарица.

Тоа практично значи дека евентуален американски напад во Сирија не може да помине без активно учество на Кинеската војска.

Додека западните медиуми известуваат за потезите на американската, британската и француската војска, руската Црноморска морнарица и добар дел на руската авијација заради стратешка намена го подигнаа степенот на борбена готовност како и добар дел од единиците кои во свој состав имаат стратешки бомбардери.

Според тие вести од руската авио-база „Моздок“ полетала група бомбардери „Тu 22M3“ и тргнала кон Иран.

 

Пред неколку дена во Сирија префрлени се и специјалните анти подморнички авиони „I - 38 Novela“

Радарските капацитети кои се поставени во Сирија регистрирале силни активности на специјализираната машина за разузнавање „Boing P-8A Посејдон“, на само неколку стотини километри од Латакија.

Во поширокото подрачје на источниот Медитеран забележана е авио цистерна „KS-10A“, чија задача е да обезбеди логистичка поддршка и снабдување со гориво на авијацијата на ловците - бомбардери.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари