logo
logo
logo

АКЦИЈА „БРАТСТВО“: „Паднале“ Срби, Хрвати и Албанци во Шпанија

Vecer | 29.11.2021

АКЦИЈА „БРАТСТВО“: „Паднале“ Срби, Хрвати и Албанци во Шпанија

Шпанската цивилна гарда во акција „Братство“ уапси 17 лица, државјани на Србија, Хрватска, Албанија, Австрија и Чиле.

Тие се уапсени поради сомнение дека произведувале марихуана, која ја дистрибуирале низ Европа, јавуваат светските медиуми.

Според порталот Las Provincias.es, тие се товарат за припадност во организирана криминална група, перење пари, криминал против јавното здравје, но и за узурпација на недвижен имот.

„Операцијата започнала во ноември 2020 година и истражителите работеле на неа цела година, бидејќи се појавил сомнеж дека има организирана група која се занимавала со одгледување марихуана во затворен простор. Она што е специфично за групата, за разлика од другите кои изнајмувале луксузни вили, овие користеле дрвени куќички кои се наоѓале во изолирани места, за да не предизвикаат сомнеж“, наведува порталот.

Дворните куќишта-лаборатории биле опремени со напредни технологии.

„Овие технологии се користеле за да се добие повеќе производ во текот на годината, а со тоа и да се зголеми заработката на групата. Добиените наркотици не се дистрибуирале само низ Шпанија туку и во Србија и Албанија, Австрија, Холандија, Англија и Русија“, наведува изворот на шпанскиот портал.

По претресот во повеќе градови запленети се дури 8.000 стебленца марихуана, клима уреди, аспиратори, светилки за одгледување, филтри.

Опремата е вредна повеќе од 70.000 евра, а одземени им се шест возила чија вредност се проценува на 90.000 евра, како и 3.000 евра во кеш. Покрај 17-те членови на бандата, под истрага е и маж (30) од шпанска националност.

„Тие се товарат за осум кривични дела против јавното здравје, осум кривични дела поврзани со измама со електрична енергија, три кривични дела узурпација на недвижности, две кривични дела перење пари и едно кривично дело злосторничка организација“, посочува Лас Провинсијас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk