Ајфеловата кула ќе биде затворена во сабота

Ајфеловата кула ќе биде затворена во сабота за време на најавените протести на „жолтите елеци“ во француската престолнина, соопшти Компанијата надлежна за користењето на Ајфеловата кула.

„Поради демонстрациите кои се најавени за 8 декември, не може да биде гарантирана безбедноста на посетителите“, се наведува во соопштението“, пренесе „Ројтерс“.

Во Париз деновиве се случуваат големи протести поради зголемените цени на горивата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари